Програмска опрема
😊Програмска опрема или софтвер (од англиски: software), односно програмски потсистем на сметачки систем, е составен од системски, услужни или апликативни програми со инструкции за извршување на одредени задачи изразени на јазик разбирлив за сметачот. Поимот софвер за прв пат го користи John W. Tukey, инженер по информатика, во 1957 година. Поимот настанал како аналогија на поимот „хардвер“ (машинска опрема).
Системска програмска опрема (англиски: system software) ја претставува целокупната програмска опрема што е неопходна за работа и поддршка на сметачкиот систем и исто така ги вклучува оперативните системи и помошните програми.
Машинска опрема
Машинската опрема на сметачот или хардвер (од англиски: hardware) и нејзината поставеност зависи од намената на личниот сметач и од задачите кои треба да ги извршува. Машинската опрема всушност го претставува физичкиот дел од сметачкиот систем т.е., електричните и електронските делови (на пр. печатените кола), електромеханичките делови (на пр. дисковите) и механичките делови (на пр. кутијата, лежиштата), уредите за поврзување во мрежа итн.
Уредите (единиците) кои што можат да влезат во поставката на машинскиот дел можат да се поделат во следните групи:
- Централна единица
- Влезно-излезни единици
- Надворешни мемории
- Останати елементи - куќиштата во кои се сместени единиците, трансформатор (кој се наоѓа во куќиштето и кој го трансформира високиот напон на електричната мрежа во низок), изворите за напојување, разни кабли, специјални маси и подлоги итн.)💻
No comments:
Post a Comment